Фото: Пиксабеј

Два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1 и интензитети 3-4 и 2-3 степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани рано утринава, во 3:24 часот и 4:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.