Под влијание на топла воздушна маса, во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури ќе бидаат во интервал од 13 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 39 степени.
Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.