Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил известување од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) дека околу 15 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.

-Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со противпожарно возило таа била гасена со противпожарни пп-апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај. Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а жалезничкиот сообраќај е во прекин. Според известувањето до МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот – информираат од ЦУК.