До 7:30 часот утринава во земјава се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според последните информации, шест пожари се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 31 пожар е целосно изгаснат.
Активни пожари има во општина Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Пожар гори и во општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде што се зафатени ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Со огнената стихија се борат и екипите во битолското село Лопатица, како и во општина Новаци, каде што пожарите ги зафатија подрачјата околу селата Маково, Мојно и Брник.
Активен пожар има и на потегот меѓу селата Алданци и Норово во Крушевско, каде што гори деградирана дабова шума, како и во велешкото село Слп, каде што е зафатена шумска површина.
Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево, во општина Могила, каде што беа зафатени подрачјата околу селата Лознани и Вашарејца, како и во тетовското село Копанце во општина Јегуновце.
ЦУК известува за 31 изгаснат пожар:
Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја)
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови)
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација)
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник)
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација)
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии)
Општина Василево: с. Василево (депонија)
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште)
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници)
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа)
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери)
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери)
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки)
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација)
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа)
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија)
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки)
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација)


































