Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Бугарското Министерство за надворешни работи објави дека добиле информација за напад извршен денеска врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.

-Според првичните податоци, на жртвата ѝ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница – велат од бугарското МНР.

Се додава дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.

-Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза – се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Eтнички предзнак ставен на нова тепачка: Стружанец натепан, бугарски медиуми тврдат дека е поради бугарската самосвест