Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
-Политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион. Само со градење на добрососедство можен е напредок на целиот Балкан.Честитки до МПЦ и сите православни верници кои што долго време ја чекаа оваа одлука-се вели во честитката на министерот Бектеши.