Фото: Нова Македонија / Илустрација

Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош, бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди – информираа од МВР.

На разговор во полициска станица биле повикани неколку лица.

– По преземени мерки, во полициското одделение – Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот – појаснија од МВР.

За настанот известен бил јавен обвинител. Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.