Фото: Анкета МЦМС

Ако се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 20,7 отсто од гласовите, а СДСМ 14,6 отсто покажува покажуваат резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“.

Истражувањаето е спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.
ДУИ има поддршка од 7,8 отсто, Алијанса 2,9 отсто, а БЕСА 2,3 отсто. Поддршката на Левица е 5,2 отсто.

Средната оценка која граѓаните и ја дале на владата е 2,44. Најголем дел од граѓаните Владата ја оцениле со 2 односно 28,9 отсто од испитаниците. Тројка добила од 26 отсто, а единица од 25,6 отсто.

Најголем дел од граѓаните или 65,1 отсто рекле дека Владата не ги исполнила очекувањата во првите 100 дена наспротив 33 отсто кои велат дека ги исполнила очекувањата.

Близу две третини од граѓаните рекле дека живтот во последните 100 дена дополнително се влошил а само 10,7 отсто рекле дека се подобрил. 29 отсто од анкетираните сметаат дека животот останал ист.

Според анкетата Владата има доверба кај само 34,2 отсто од граѓаните наспроти 63,7 отсто кои се изјасниле дека немаат доверба во Владата.

Повеќе од половина граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока.додека 16,8 отсто велат дека насоката е правилна.

Мнозинството граѓани или 36,3 отсто сметаат дека предвремени избори се најдобриот пат за Македонија. Високи 30,4 отсто се на став дека е потребна целосна мобилизација нза надминување на проблемите, што би рекло формирање на широка Владата, додека само 23,3 отсто се на став дека сегашната Влада има капацитет да продолжи и успешно да се справи со кризата.