Фото: Влада

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности на денешната седница не дало согласност за формирање здружение со името на Цар Фердинанд. Претседателот на ова тело за медиумите изјави дека тројца членови историчари имале аргументи зошто овој бугарски лик кој во колективната меморија на Македонците не е позитивен лик, не треба да биде официјализиран во земјата.

-Оваа личност стои на чело на бугарската држава во време кога се воделе неколку војни кои за Македонците значат крвопролевања и разрушувања и ценевме дека името на ваква личност ќе предизвика негативни чуств акај голем број Македонци – вели проф. Бобан Петровски, претседател на советодавно тело за „Сител“.

Заклучокот на советодавното тело најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за правда и Централен регистар кои го имаат последниот збор.

-Во тој заклучок ќе има уште подетални образложенија за Цар Фердинанд и неговата улога во периодот кога бил на цело на бугарската држава – вели Петровски.

Во април годинава во Битола свечено и со присуство на членови од бугарксиот државен врв беше отворен клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Пред три недели во тензична атмосфера во Охрид се отвори и здружението Цар Борис Трети што беше повод опозициската ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог за измена на законот за здруженија и фондации.

Инаку, Фердинанд бил кнез на Бугарија од 1887 до 1908 година и цар на Бугарија од 1908 до 1918 година, односно владеел во времето кога Македонија била поделена по Балканските војни, во кои Бугарија била една од учесничките.