Се разгледува опцијата за запишување на невакцинираните деца на училиште, кои потоа би биле вакцинирани, најави министерот за образование Арбр Адеми.

-Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците и во меѓувреме да се вакцинираат, или на почетокот на септември да има теренска вакцинација за сите тие ученици кои не се вакцинирани- рече Адеми.

Уписите во основните училишта траат веќе две недели, а министерот вели дека немаат информација дали некое дете е одбиено да се запише поради вакциналниот статус.

Од друга страна, од Министерството за здравство остануваат на ставот дека првачињата кои не се вакцинирани, не смеат да бидат примени во училиште.

Адеми најави дека министерствата за здравство и за образование ќе ги усогласат ставовите на владина седница.