Фото: МИА

Заедничката македонско-бугарска историска комисија одржува онлајн сесија денес и утре, јавуваат бугарските медиуми.

Ова е втор состанок оваа година и 14-ти од формирањето на Комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година.

Вкупно 5 состаноци се очекува да се одржат оваа година. Поголемиот дел од изминатата година, Комисијата не работеше поради изборите во Македонија, кои се одржаа минатото лето, анализираат тамошните агенции.

Според информации од таму, на денешната средба историчарите од двете страни уште еднаш разговараат за прашањето за царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостатокиг на чекор напред во историските прашања, стои во извештаите на медиумите.

Новинар на „БГНЕС“ потсетува дека пред околу две години, бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за царот Самоил, кој, како што пишува новинарот, создал голема бугарска држава и бил наследник на бугарската кралска династија.