Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 33 степени.

До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност на места со пороен дожд и грмежи.