Имате одлични тројца кандидати за претседател и државата треба да се гордее со нив. Трката мора да се одигра фер, во мирна, демократска атмосфера и никој да не ги оспорува изборните резултати, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

-Тоа ќе биде многу важно за одлуките во јуни, да може земјата да ја сврти новата страница од 27 април, за остварување на заедничките цели и интереси, влез во ЕУ и НАТО – истакна Тимоние на средбата со градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Тимоние синоќа ја посети Општина Крива Паланка по повод 7. Франкофонска вечер.