Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во Скопската котлина со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. В петок ќе биде посончево и потопло, со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.