Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од четири до 15 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во среда времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повиски места. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.