Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

За време на викендот ќе преовладува претежно облачно време и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. В понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.