Утринава врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет има во западните и јужните делови. Дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер во долниот тек на Повардарието. Претпладне ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, преку денот ќе се преместуваа кон јужните делови и југоистокот и попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од до 12 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој попладне ќе престанува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.