Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од снег во западните и југозападните делови. За време на новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степена, а дневните од 2 до 8 степени.

Во вторник ќе се задржи суво и ветровито, а од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување со локални врнежи од снег, што ќе продолжат и во четврток.