Фото: Игор Бансколиев

Навивачката група „Балисти“ на фудбалскиот клуб Шкендија најави марш во чест на жртвите во пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Маршот ќе почне во 13.30 часот од плоштадот „Илирија“ до болницата во Тетово. Организаторите упатија апел да се почитуваат мерките против коронавирус и маршот да биде мирен.

Во пожарот што се случи на 8 септември загинаа 14 лица. Истрагата за причините е во тек.