Јавна расправа за загадувањето на амбиенталниот воздух ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.

На јавната расправа, што ја организира собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, се очекува да присуствуваат претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации кои ќе дадат свои мислења за загадувањето на воздухот.