Фото: Архива

Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС.

-Во дипломатските кругови нема таков предлог – соопшти Брисел, пишува БГНЕС.

Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија.

Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија, вели Груби

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се постигне зделка што ќе ја отвори вратата на Македонија кон Европската Унија.