Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот фејсбук-профил информира дека почнувајќи од утре Бугарија ќе ги повлече рестрикциите за патување за нашите државјани.

– Најновите информации за новите одлуки на Владата во Софија. Почнувајќи од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија – пишува Османи.

Со последната одлука, како што информира Османи, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

– Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа) – стои напишано од страна на министерот за надворешни работи.