Првиот патник што се симна од авионот по синоќешното пристигнување на авганистанските бегалци на скопскиот аеродром, беше трудница во 39-тата недела од бременоста, која со возило на Итна медицинска помош е однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Меѓу патниците имало уште четири бремени жени, според раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало.

Синоќа пристигна првата група од 149 граѓани од Авганистан. Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.