Според најавите на министерот Бојан Маричиќ
Се воведува кривичното дело „безобзирно управување со моторно возило”, за што се пропишува затворска казна и до три години, а доколку има смртни последици изнесува најмалку четири години, како што информираше министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање. Кривичното дело е воведено во рамки на работната група на Министерството за правда за изготвување нов Кривичниот законик.
Маричиќ напомена и дека ќе иницира дебата во рамките на работна група, во однос на ублажувањето на казните и условна осуда за тешки дела во сообраќајот, со цел за подобрување на законските решенија и елиминирање на можните злоупотреби во оваа насока, како и анализа на примената на постојните одредби од страна на судовите и Јавното обвинителство. Ова се однесува на кривичните дела поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Маричиќ додаде дека на истиот состанок ќе бидат поканети и претставници на Врховниот суд, Јавното обвинителство и Судскиот совет.