Џулија Хокинс (105), попозната како жена ураган, оваа недела во Луизијана постави рекорд во трчање на 100 метри за својата возрасна група, пишува „Би-би-си“.
Хокинс успеа да ја заврши трката за минута и две секунди, поставувајќи рекорд во категоријата 100+. Меѓутоа, неверојатната баба по трката изјави дека е малку разочарана од резултатот.
Беше одлично да се учествува на трката, но сакав да ја завршам за помалку од една минута – рече таа.
Таа додаде дека многу пријатели и семејството ја поддржуваат, но и дека особена мотивација наоѓа во тоа што нејзиниот успех ги инспирира другите луѓе да трчаат, па поради тоа ќе продолжи да трча колку што може.
Обожавам да трчам. Сакам да се занимавам со овој спорт долго време. Мој совет е ако сакате да остарите здрави и среќни, мора да трчате – весело рече таа по трката.