Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, nаправени се 842 тестови, а регистрирани се 60 нови случаи на ковид-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани се 63 оздравени пациенти од: Скопје – 36, Битола – 10, Штип – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Прилеп и Струмица – по 2, Тетово, Ресен и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г). Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во периодот од 5 мај до 8 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 2.069.427 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.807, бројот на оздравени пациенти е 303.128, на починати е 9.320, а бројот на активни случаи изнесува 359.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.539 активни 271
Куманово 16.685 активни 4
Битола 15.732 активни 23
Прилеп 14.225 активни 5
Тетово 13.490 активни 7
Кавадарци 10.701 активни 6
Велес 9.801 активни 1
Гостивар 9.615 активни 3
Охрид 8.945 активни 8
Штип 8.086 активни 5
Струмица 8.080 активни 3
Кичево 5.654 активни 2
Кочани 5.102 активни 5
Струга 4.730 активни 2
Гевгелија 4.426 активни 2
Неготино 3.700 активни 2
Ресен 2.753 активни 1
Свети Николе 2.637 активни 1
Радовиш 2.531 активни 0
Крива Паланка 2.419 активни 1
Делчево 1.986 активни 0
Берово 1.693 активни 1
Дебар 1.681 активни 2
Валандово 1.488 активни 0
Виница 1.395 активни 1
Пробиштип 1.268 активни 1
Богданци 1.021 активни 0
Кратово 966 активни 0
Крушево 930 активни 0
Демир Хисар 836 активни 0
Македонски Брод 741 активни 2
Демир Капија 593 активни 0
Македонска Каменица 525 активни 0
Пехчево 486 активни 0
Дојран 347 активни 0