Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 22 до 24 април) направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19: Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани се 238 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите три дена (од 22 до 24 април) се регистрирани две починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани три починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 3 до 19 април.

Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 145.345, активни 340
Куманово 16.627, активни 14
Битола 15.232, активни 110
Прилеп 14.125, активни 28
Тетово 13.447, активни 11
Кавадарци 10.624, активни 21
Велес 9.757, активни 21
Гостивар 9.575, активни 6
Охрид 8.825, активни 17
Струмица 8.048, активни 8
Штип 8.011, активни 12
Кичево 5.606, активни 9
Кочани 5.072, активни 2
Струга 4.715, активни 4
Гевгелија 4.398, активни 2
Неготино 3.677, активни 3
Ресен 2.712, активни 1
Свети Николе 2.624, активни 1
Радовиш 2.528, активни 3
Крива Паланка 2.413, активни 0
Делчево 1.971, активни 2
Дебар 1.673, активни 0
Берово 1.645, активни 5
Валандово 1.485, активни 4
Виница 1.388, активни 1
Пробиштип 1.265, активни 0
Богданци 1.019, активни 0
Кратово 963, активни 1
Крушево 926, активни 0
Демир Хисар 828, активни 1
Македонски Брод 736, активни 0
Демир Капија 593, активни 2
Македонска Каменица 523, активни 1
Пехчево 486, активни 0
Дојран 346, активни 0