Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, од кои 26 се реинфекции. Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментов активни се 689 случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, од Скопје се 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.
Од вкупниот број оздравени лица, 82 се од Скопје, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.
Починатото лице е од Струмица на возраст од 71 година, а починато во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521.