БОРЕЊЕ – СП ВО БЕЛГРАД

Македонскиот борач во слободен стил и носител на златен медал од годинашново Европско првенство во Будимпешта, Унгарија, Владимир Егоров (категорија до 75 кг) со победа почна на Светското првенство (СП) во Белград (Србија), а во осминафиналето за противник го доби Порториканецот Дариан Тои Круз.

Дејан Митров (до 79 кг) во квалификациите славеше над Унгарецот Чаба Вида, но во осминафинелето загуби од олимпискиот и светски првак, Американецот Џордан Ернест Бероуз. Митров имаше можност преку репасажна борба да се бори за бронзениот медал, но беше поразен од Туркменистанецот Сахергелди Сапармирадо.

Фати Вејсели (до 70 кг) загуби од Бугаринот Рамазан Елдарович Рамазанов, а Бесир Алили (до 61 кг) за ривал во квалификациите доби борач од Иран.

Македонскиот голем адут за медал (покрај Егоров), Магомедгаџи Нуров (до 97 кг), кој е носител на бронза од СП 2019, а настапи и на ланските Летни олимписки игри во Токио, ја прескокна квалификациската рунда и ќе се бори во осминафиналето. Македонија под водство на селекторот Бобан Данов на СП во слободен стил настапува со пет борачи.

Г.И.