фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направен е 1.661 тест, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19: Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани се 85 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 19, Прилеп – 4, Тетово, Кавадарци и Кичево – по 3, Берово и Куманово – по 2, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кочани, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е регистрирано едно починато лице од Охрид (78г). Пациентот починал во болнички услови на 2 мај.

Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 145.691, активни 302
Куманово 16.634, активни 6
Битола 15.391, активни 130
Прилеп 14.150, активни 20
Тетово 13.455, активни 11
Кавадарци 10.644, активни 17
Велес 9.762, активни 6
Гостивар 9.583, активни 9
Охрид 8.849, активни 19
Струмица 8.060, активни 12
Штип 8.029, активни 17
Кичево 5.623, активни 10
Кочани 5.075, активни 2
Струга 4.718, активни 4
Гевгелија 4.404, активни 5
Неготино 3.679, активни 2
Ресен 2.726, активни 13
Свети Николе 2.626, активни 2
Радовиш 2.528, активни 0
Крива Паланка 2.413, активни 0
Делчево 1.979, активни 9
Дебар 1.673, активни 0
Берово 1.662, активни 13
Валандово 1.488, активни 3
Виница 1.392, активни 4
Пробиштип 1.266, активни 1
Богданци 1.019, активни 0
Кратово 966, активни 2
Крушево 926, активни 0
Демир Хисар 830, активни 2
Македонски Брод 736, активни 0
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 523, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 346, активни 0