Фото: Приватна архива

Омикрон-варијанатата на коронавирусот се шири четирипати полесно, но е помалку опасна, вели епидемиологот Драган Даниловски за „Сител“. Тој очекува дека пандемијата би завршила на крајот на април.
– Кога се појави на крајот на ноември, сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 60 мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен. Тој е четири пати позаразен е и помалку опасен. 80 пати е помала веројатноста да завршите во болница. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус – рече д-р Даниловски.

Тој додава дека ваквите информации не значат дека сите треба да се опуштат и дека постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.
Тој рече дека, според него, пандемијата би завршила на крајот на април.

– Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи – кажа епидемиологот Даниловски.