Во текот на минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје со пет автоцистерни спроведе машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

– Машинското миење на скопските булевари и улици е една од најзначајните активности што ЈП Комунална хигиена-Скопје ги спроведува во насока на спречување на ширењето на вирусот ковид-19. Екипите на Претпријатието ги мијат сите јавни сообраќајни површини и по два пати во рамките на едно деноноќие, а наш главен приоритет е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.