Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие шест лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и, заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот. Лицата се приведени и против нив е поднесена соодветна кривична пријава.

Од СВР Охрид информираа дека во овој регион во изолација се наоѓаат 290 лица од кои 21 лице се од Кичево. Во изминатото деноноќие полициските службеници извршиле 76 контроли, додека во Кичево во исто време се извршени 10 контроли. Моментно во овој град во самоизолација се наоѓаат 145 лица а кај 28 од нив полициските службеници извршиле контроли, истовремено извршени се и 37 контроли врз угостителски објекти и таму не се констатирани неправилности.

Со кратењето на полицискиот час, од денес, се очекува да се релаксираат гужвите во маркетите , пред шалтерите на банките, поштите и аптеките, каде деновиве се бележи голема концентација на граѓани.

– Со поместувањето на полицискиот час од 16 до 19 часот треба да очекуваме да се намалат гужвите пред банките, маркетите, аптеките, затоа што вработените ќе имаат нормално работно време, што нема да не притиска сите во краток период да бидеме на исто место, што секако ќе помогне да постои и помал ризик од зараза со коронавирусот – рекоа група граѓани кои чекаа на ред пред една банка во центарот на градот. З.А.