Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие во Кичево се регистрирани четворица новозаболени од ковид-19, а петмина се оздравени. Бројот на инфицирани од ден на ден варира, додека бројката на излекувани деновиве е во пораст, што беше и за очекување. Со денешните бројки, вкупниот биланс на заболени во Кичево е 251 лице, од кои 115 се активни случаи, 126 лица се излекувани, додека десетмина ја загубија битката со ковид-19.

– Во нашиот град продолжува да варира бројот на новозаболени, а од друга страна радува фактот што бројот на оздравени е поголем од бројката на инфицирани во еден ден. И новите инфицирани со ковид-19 се лица со полесна клиничка слика и тој тренд во нашиот град се одржува во последните два месеца. И овој пат би апелирал до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да не се групираат, во затворено да носат маски и да одржуваат прописно растојание од најмалку два метра. Доаѓаат месеци кога повеќе време ќе поминуваме во затворен простор и затоа мора постојано да се води грижа околу протоколите за заштита од ковид-19 – вели д-р Џабир Бајрами , член ма Кризниот штаб. З.А.