Фото: Игор Бансколиев

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид-центрите низ целата држава.

По извештаите кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Скопје се хоспитализирани вкупно 355 лица, од кои 28 во последното деноноќие.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот во Скопје имало 20 слободни места, информираат од Министерството за здравство. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството велат дека имаат увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.