Серијата „Ла каса де папел“, позната и како „Мани хејст“, толку многу ја заведе публиката што речиси сите ја изгледаа во еден здив. Ова е една од ретките европски продукции што ги натераа Американците да гледаат серија со превод. Текот на серијата константно го задржува вниманието, приказната нè воведува во виорот на драма, љубов, напнатост и акција. Кога сето ова ќе биде заокружено со остар европски црн хумор, многу е тешко да не се изгледа следната епизода. Оттука, публиката се воодушеви од веста дека креаторот на серијата, Алекс Пина, работеше на нова серија, „Скај Роџо“.
Серијата почнува со емитување од 19 март и ни носи динамична приказна за три сексуални работнички што бегаат од макрото. Поради нивното криминално минато, тие не можат да се обратат до полицијата, па затоа одлучуваат да ги земат работите во свои раце и да почнат опасна авантура.
По неколкуте револуции низ целиот свет, како Франција (1700) и Куба (1950), црвената боја беше искористена за симболизирање на слободата. Како во серијата „Ла каса де папел“, така и во оваа, црвената боја не навестува радост туку слобода.