Во Битола во последните неколку денови осетно опаѓа бројот на хоспитализираните лица од ковид-19. Од преку 80 пациенти колку што имаше пред извесно време на лекување на инфективното одделение, денеска бројот на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид-центар во Битола е 56 пациенти.

Според информациите од Клиничката болница намалувањето е за околу 20 пациенти за разлика од пред неколку дена. Последните неколку дена има намалување и на бројот на починати пациенти во Ковид центарот во Битола.

Вчера од компликации почина едно лице, но во претходниот период имаше денови кога немаше ни еден починат.

Намалување има и во бројот на нови случаи. Така вчера беа регистрирани 18 нови случаи, за разлика од порано кога ги имаше дури и над 90. За разлика од намалувањето на бројот на позитивни на ковид-19, зголемување бележи бројот на оздравенените пациенти, кој во вчерашниот ден изнесуваше 39 лица.

Инаку, бројот на активни случаи во Битола е 805, а вкупниот број на оздравени пациенти од почетокот на пандемијата до вчера изнесува 1.937 лица.
Но и покрај ваквите резултати, од Клиничката болница во Битола апелираат да се почитуваат мерки препорачани од Министерството за здравство и да нема никакво
опшуштање, бидејки коронавирусот и натаму е присутен во Битола. М.М.