Доцна попладнево од Државниот санитарен инспекторат изјавија дека при третманот на пациентот од Психијатриската болница во Демир Хисар, кој бил позитивен на ковид-19, во Клиничката болница во Битола, немало пропусти.

По инспекцискиот надзор кој го направи државниот санитарен инспекторат било утврдено дека пациентот бил третиран согласно сите пропишани протоколи.

При тоа медицинските работници, кои се грижеле за здравјето на пациентот биле максимално заштитени со опрема, а и собата на интерното одделение каде бил третиран пациентот, била изолирана.

Со ваквиот инспекциски надзор е симната секаква одговорност на менаџментот на Клиничката болница во Битола.

Пред неколку дена еден од лекарите на интерното одделние во Клиничката болница во Битола упати јавна критика не само до менаџментот на болницата, туку и до министерот за здравство, Венко Филипче, дека дури по четири дена третирање на пациентот ги добиле резултатте дека тој бил позитивен за ковид-19. По ваквите изјави на лекарот директорката на болницата излезе во јавноста со тврдење дека пациентот бил третиран согласно утврдените протоколи и дека за изјавите со кои се прави паника кај здравствените работници и пациенти ќе побара кривична одговорност.

По овој случај сите здравствени работници кои биле во контакт со пациентот се пуштени во домашна изолација. М.М.