Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот во Општина Кичево нема нарушување на полицискиот час од страна на граѓаните.

Во истиот период не се евидентирани кражби сообраќајни несреќи и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Моментално на територија на Општина Кичево во изолација се наоѓаат 11 лица, од страна на полициските службеници во текот на изминатиот период, извршени се контроли кај сите 11 лица и без исклучок сите дисциплинирано ја почитувале мерката за изолација.

Од СВР Охрид известуваат дека во Општина Кичево моментно во самоизолација се наоѓаат 24 лица, а кај 22 од нив се извршени контроли и во сите случаеви не се регистрирани недоследности. Откако е скратен полицискиот час, граѓаните на Општина Кичево покажаа поголема дисциплина и самоодговорност. Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници извршија и 59 контроли врз угостителски објекти и во ниеден случај не се регистрирани нерегуларности. З.А.