Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, велат од Министерството за здравство преку соопштение, од каде ја демантираат информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница.

Од Министерството смируваат дека во моментов нема дефицит на персонал во болницата.

– Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје – велат од Министерството.

Оттука апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции.