Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека носењето заштитна маска засега е наједонставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата.

– Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата.

Јас носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен. Ве повикувам сите редовно да носите маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со ковид-19 – напиша Заев.