Последниве денови драматично расте бројот на новозаболени од ковид-19 во Битола. Денеска во градот под Пелистер од 171 тестирано лице се регистрирани 86 новозаболени лица, што е најголем број досега.
Со 548 активни случаи Битола е на врвот од градовите во земјава, веднаш после Скопје.
Во изминатиот период во Битола се регистрирани 7.869 позитивни на ковид-19.
М.М.