За првпат земена е крвна плазма од двајца пациенти кои се носители на антители против коронавирусот.

Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, со крвната плазма ќе се лекуваат заболените од ковид-19.

Министерот најави дека во следните денови крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои ќе биде оценето дека третманот би бил соодветен.

Покрај лекувањето со крвна плазма, подготвено е да се почне и со озонотерапијата. Станува збор за терапија со која ќе се лекуваат најтешките случаи. Со овој метод, на пациентите ќе им се вади одредена количина крв која ќе се озонира и потоа повторно ќе се враќа во пациентите.