Фото: Игор Бансколиев

Од утре во земјава стапува во сила полициски час, односно ограничување на движењето на сите граѓани.

Како што објави на Фејсбук, техничкиот премиер Оливер Спасовски, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден.

Како што соопшти тој, Владата воведува ваква радикална мерка со цел да го заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот.

– Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата – напиша Спасовски.

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел…

Posted by Oliver Spasovski on Сабота, 21 март 2020