Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом во Скопје во изјава за телевизијата „Канал 5“ вели дека третата бустер доза создава отпорност кога е во прашање сојот омикрон, како и тоа дека е рано да се размислува за четврта доза.
– Двете дози создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија – објаснува Мехмедовиќ.
Зголемената доза веројатно ќе помогне за поголема контрола на коронавирусот, иако две дози обезбедуваат одредена заштита од сериозен тек на болеста, при зараза со омикрон, покажале лабораториските тестови, објави неодамна „Вашингтон пост“.