Миењето раце е најдобра превенција од вирусот

Бројот на заболени од коронавирус расте ширум светот, а лек сѐ уште нема. Сепак, тоа не беше пречка бројни здравствени совети да се шират на интернет – некои релативно безопасни, а некои, пак, штетни. Ова се дел од најраспространетите совети што се делат онлајн.

Лук

Од Светската здравствена организација велат дека иако се работи за здрава храна, со одредени антимикробски својства, не постојат докази дека лукот може да ги заштити луѓето од коронавирус.

 „Чудотворни минерали“

Јутјуберот Џордан Сејтер, кој има неколку илјади следбеници на различни интернет-платформи, тврди дека „чудотворни минерални суплименти“ (ММС) можат да го истребат коронавирусот. ММС содржи хлор диоксид (индустриски избелувач). Американската управа за храна и лекови предупреди дека ММС е опасен за здравјето, ако се пие. Тие предупредуваат дека ММС може да предизвика мачнина, повраќање, дијареа и тешка дехидратација.

Средства за дезинфекција на раце направени дома

На социјалните мрежи се појавија бројни рецепти за правење средства за дезинфекција во домашни услови.

Научниците велат дека средствата за чистење одредени површини не се соодветни за кожата, како и тоа дека не се знае колку се ефикасни. Тие препорачуваат дека миењето на рацете со вода и сапун, сепак, е најдобра превенција.

Сребро што се пие

Во групи што се залагаат за „медицинска слобода“ и кои се сомничави кон институционалините медицински совети, се појавија тврдења дека течното сребро го убива коронавирусот за 12 часа.

Се работи за колидна сребрена вода, за која научниците тврдат дека не постојат докази дека може да помогне за која било здравствена состојба, а освен тоа може да предизвика и оштетување на бубрезите, мозочен удар, како и состојба од која посинува кожата.

Вода на секои 15 минути

Водата наводно испирира каков било вирус од устата. Меѓутоа, научниците велат дека вирусот од воздухот влегува во телото преку респираторниот тркат. Дел од нив може да влезат преку устата, меѓутоа земањето вода нема да спречи некој да се зарази. Сепак, пиењето вода генерално е добар медицински совет.

Топлина

Постои тврдење дека топлината го убива вирусот. Затоа многу луѓе почаа да пијат топли напивки, или се изложуваат на сонце. Меѓутоа, доколку вирусот влезе во телото, топлината нема да го убие. Телото мора само да се справи со вирусот. Надвор од телото, пак, вирусот може да се убие на околу 60 степени, па затоа добро е алиштата да се перат на таа температура и да се отстрани вирусот доколу е залепен за ткаенините. Меѓутоа, таа температура е превисока за кожата.