Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи со ковид-19, двајца починати од Скопје (79г) и Кичево (83г) и 268 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се шест починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 до 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.
Од 222 новозаболени од Скопје се 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13, Прилеп – 12, Велес – 7, Охрид и Штип – по 6, Струмица, Кочани и Кратово – по 4, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Ресен и Свети Николе – по 2, Струга, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција.
Регистрирани сe 268 оздравени пациенти од: Скопје – 113, Битола – 32, Гевгелија – 19, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Прилеп – 14, Берово – 7, Велес, Штип и Кочани – по 6, Охрид и Делчево – по 4, Струмица, Ресен и Демир Хисар – по 3, Тетово, Кичево, Радовиш, Крива Паланка , Богданци и Пехчево – по 2, Струга, Кратово и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а на активни случаи изнесува 1.660 лица.