Во Србија во изминатите 24 часа 6.729 лица биле тестирани на коронавирус, од кои 93 биле позитивни, а регистриран е и еден смртен случај.

Од почетокот на епидемијата во Србија од ковид-19 починаа вкупно 259 пациенти.

Вкупниот број регистрирани случаи е 12.709, а во моментот активни се 628.

На респиратори има 18 пациенти, еден повеќе од вчера.