Властите во Бугарија потврдија дека во последните 24 часа биле откриени 395 нови позитивни случаи на ковид-19 од вкупно извршени 1.581 тест.

Бројот на новозаразени во однос на бројот на тестирани речиси е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, со 13,1 процент на дури 24,98 проценти.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се потврдени вкупно 29.503 случаи на ковид-19, оздравени се 16.943 лица, во моментов има активни 11.574 случаи, а починале вкупно 986 ​​лица, пренесува бугарската агенција БТИ.