Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на ковид-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10, Прилеп – 8, Тетово – 7, Гостивар и Кичево – по 5, Штип, Кочани и Демир Хисар – по 4, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница – по 3, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци – по 2, Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 426 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани – по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица – по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка – по 8, Кратово – 5, Кичево и Неготино – по 4, Делчево, Виница, Ресен и Берово – по 3, Радовиш, Дебар и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се пет починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18 до 24 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2.147.514 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.